На прагот сме на најголемата криза до сега, здравствена и економска.
Народот со право е загрижен затоа што кризата значи загрозено здравје, помалку пари во џебовите, несигурност и неизвесност.
Државата постои за граѓаните, и таа нејзина улога не смее да се заборави.
Тука сме да разговараме и помагаме, да доаѓаме до решенија за сите работи кои го мачат обичниот човек. А тоа го правиме меѓудругото зошто мора да ја смениме и сликата за политичарите во Македонија, а народот да знае дека тука сме да си помагаме еден со друг.
Во вакви времиња на криза и кога останувањето во домовите е една од најважните препораки на експертите за здравје, народот мора да биде слушнат, а за нас како партија блискоста со народот ни е исклучително важна.
Затоа од утре почнуваме со иницијатива “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”. Иницијатива преку која овозможуваме контакт со граѓаните, каде ќе може преку електронска пошта, која ќе биде официјално достапна да ни праќаат проблеми, нивни мислења и нивни предлози. Сите иницијативни што ќе пристигнат внимателно ќе ги разгледаме, анализираме со комисиите и експертите и ќе понудиме решенија пред институциите со можност да бидат имплементирани.
Имаме сериозни предизвици во однос на здравствената заштита, во однос на економијата особено малото стопанство, сериозни проблеми во земјоделието, општините. Повикот е отворена врата и подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја која сакаат да се имплементира. Сега е време да им помогнеме на вистинските херои кои секојдневно се на првата линија во борбата со вирусот. Да им одадеме сите почит на здравствените работници, докторите, полицијата, армијата, медиумските работници и новинарите, комуналните работници, администрацијата, продавачите и продавачките во маркетите и низ пазарите, земјоделците, транспортерите, фармацевтите и сите останати што макотрпно помагаат и работат. Ајде сите заедно да помогнеме со мерки и предлози и на угостителите, малите и средни претпријатија, културните работници, турустичките работници, занаетчиите, на невработените лица и на сите останати кои имаат потешкотии во својата работа и егзистенција. Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност.
Тука сме да помогнеме. Не е време за пресметки, време е за работа и одлучност. Мора и владата да покаже зрелост. Од она што ќе го покаже наредните неколку недели, ќе зависи иднина што ќе ја обезбедиме. Ние сме со народот. Уште еднаш ќе повторам тука сме да помогнеме, затоа што ја сакаме Македонија и затоа што треба сите заедно да победиме.