-Без струја утре од од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата „Борка Талевски”бр. 26 во Општина Центар.
Како што соопштија од Региналниот центар за управување со криси на Град Скопје – РЦУК, прекинот со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Од РЦУК информираат дека без струја во вторник на 31 март од 8:30 до 13 часот ќе останат корисниците од улиците „Никола Добровиќ бр. 1 и 3 и “Народни Херои” бр. 21, а од 12 до 15:30 часот корисниците од улицата Пушкинова бр. 11 во Општина Кисела Вода.