СДСМ продолжува да ги разочарува граѓаните. Единствено нешто во оваа тешка ситуација за граѓаните, што ги интересира СДСМ е профитот, криминалот и обидот да стекнат некој политички поени. Мислејќи така дека ќе заборават граѓаните за криминалот, корупцијата, срамот и пустошот што го оставија позади себе.
ВМРО-ДПМНЕ покажа и ќе продолжи да покажува што е државотворна партија. Во кризни моменти за државата подаваме рака и сме тука за граѓаните, нивната безбедност и здравје.
ВМРО-ДПМНЕ нема да уништува државен имот, да кодоши и пишува писма, нема да печали политички поени на сметка на овие неспособни политичари од СДСМ, тука ќе продолжиме да работиме за интересот на граѓаните и државата.
Македонија ќе ја преброди оваа криза. Државата преживеала многу. Неспособните политичари кои се обидоа да ќарат на грбот на граѓаните ке бидат казнети.