Во Италија, 756 луѓе починале од коронавирус за еден ден, а пријавени се 5.217 нови случаи.
Вкупно 10.770 луѓе починаа во Италија досега, а бројот на заболени достигна 97.000 лица.
Претходно денеска беше објавено дека во Ломбардија починале 416 лица, а регистрирани се уште 1592 нови случаи, што е намалување во последните два дена.
„Ова е индикација дека го достигнуваме врвот на епидемијата“, рече претседателот на Ломбардија, Атилио Фонтана.
Тој нагласи дека во последните три дена се бележат константни бројки.
„Нема повеќе онаков раст, каков што гледавме во последните недели. Епидемиолозите и статистичарите велат дека ова треба да претходи на намалување на бројот на заразени“, додаде тој.