иректорката на охридската болница, Славица Малеска за „А1он“ вели не гледа оправданост во нејзиното разрешување за кое дознала од медиумите и посочи дека подготвува известување до министерството за здравство.
„Изјавата од раководителот на Инфективното одделение исто така е во Министерството за здравство. Нека се произнесе министерот, би сакала тоа да излезе од негова уста. Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите“, вели Малеска.
Таа не сака да ги коментира случувањата со пациентката од Струга и да го прераскажува нејзиниот колега кој до Министерството за здравство го опишал настанот.
*Поврзана вест: Почина 66-годишна жена од Струга, четврта жртва од коронавирус во земјава
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека од утре директорката ќе биде разрешена и ќе биде поставен нов директор.
Случајот со починатата стружанка веќе стигна и до Јавното обвинителство каде веќе е отворен предмет по допрен глас.
Шеесет и шестгодишната жена починала чекајќи ги резултатите од тестот за коронавирусот, таа имала приоритетен упат од матичен лекар за на Инфективното одделение во Охрид, но таму не ја примиле.
Според раскажувањето на нејзин роднина, лекарите им рекле да си одат, па да се вратат кога ќе имаат позитивен тест на ковид-19.