Сите анализи и информации од стопанството, говорат за фактот дека ситуацијата со економската криза во земјава е тешка, но исто така решлива. Македонската економија функционира во перманентна криза, повеќе од 30 години, како од внатрешни, така и поради надворешни фактори. Во целиот тој период, стекнато е доволно искуство и знаење како до излез од економската криза!
Тргнуваќи од тоа претходно искуство и знаење, апелираме на смиреност и водржаност. Неаргументирани критики, лажни вести и меѓусебни обвинувања, воопшто нема да помогнат, ниту на државата, ниту на оние политички субјекти кои се служат со такви методи. Сега се потребни експертиза и конкретни решенија. Македонски концепт си зема обврска да работи само на конкретни решенија, кои доаѓаат од експертизата за економија и јавни финансии на граѓански активисти.
Во услови на целосна безидејност и беспредметна лицитација на економски мерки од страна на политичките субјекти, Македонски концепт посветено работеше и детектираше три фактори, кои влијаат на промените на економската состојба, а тоа се:
– пандемијата;
– членството во НАТО;
– почеток на пристапни преговори со ЕУ.
Почетно е потребно:
– синхронизирање на економските и фискални мерки, во однос на трите причинители на економско дисбалансирање;
– мобилизација на сите научни, образовни и искуствени капацитети, кои во краток период ќе понудат решение и излез од кризата.
Во текот на утрешниот ден, започнуваме со конкретни активности во таа насока, за што јавноста ќе биде детално запознаена.