– Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 684,641 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 32,180, а оздравеле 146,400 лица.
Пандемијата на коронавирус уби најмалку 3200 луѓе во светот од декември, кога изби во Кина, од кои дури две третини се во Европа, покажуваат денешните податоци на „Ворлдметерс”. Од избувнувањето, повеќе од 660,000 луѓе се официјално дијагностицирани во 183 земји и територии. Од нив, до несека се излекувани најмалку 142,000 лица. Бројот на дијагностицирани не ја отсликува реалноста во целост, бидејќи голем број на земји тестираат само случаи примени во болница.
– Само Европа, до вчера во 20 часот има 21.334 смртни случаи на 351.877 заразени. Азија потврдеи 3742 смртни случаи и 103.943 заразени. На Блискиот исток се пријавени 2592 смртни случаи од 43.414 заразени. САД и Канада соопштија за 1950 смртни случаи од 120.981 заразени. Латинска Америка и Карибите регистрирале 242 смртни случаи на 12.315 заразени. Африка забележа 128 смртни случаи и 4103 заразени, а Океанија 15 смртни случаи и 4145 заразени.
– На Филипини експлодираше авион, кој превезувал пациенти и медицинска опрема.
– Се самоуби министерот за финансии на Хесен, Томас Шафер, а премиерот на таа сојузна германска држава претпоставува дека причина се финансиските потешкотии предизвикани од коронавирусот.
– Во Србија 82 новозаразени лица, и сега има вкупно 741. Од вчера починаа уште три лица и сега смртниот биланс во таа земја изнесува 13.
– Федерацијата БиХ донесе наредба за задолжително носење маска. Полицискиот час е скусен и сега трае од 20 до 05 часот.
– Бројот на заразени во Холандија надмина 10 илјади.
– Во Португалија од Ковид-19 почина 14-годишно момче.
– Водечкиот светски произведувач на заштитни ракавици, малезиската компанија Топ глав, предупреди денеска дека може да дојде до недостиг на заштитни ракавици поради екплозијата на побарувачка од Европа и САД. Таа фирма произведе речиси петтина од заштитните ракавици кои во моментов се користат во светот, а денеска предупреди дека побарувачката ги надминува нивните капацитети. Поради тоа, компанијата ги продолжи роковите на испорака,, соопшти извршниот претседател на Управниот одбор Лим Ви Чаи.
– Институтот Роберт Кох предупредува дека во Германија е можно италијанско сценарио.
– Папата Франциск повика на глобален прекин на огнот.
– Иран потврди уште 123 смртни случаи, со што вкупниот број се зголеми на 2.640. Бројот на заразени достигна 38.309 лица.
– Французите ги пренаменуваат брзите возови во болници.
– Холандија на Кина и врати околу 600 илјади неисправни заштитни маски, откако на 21 март им биле испорачани 1,3 милиони маски. ж
– Во Швајцарија бројот на смртни случаи се зголеми на 282, а бројот на заразени се зголеми на 14.352.
– Токио потврди 68 нови случаи, што е рекордно дневно зголемување. Јапонските власти стравуваат од пораст на коронавирусни инфекции во земјата. Во Јапонија досега се заразени 1880 луѓе, а 55 починале. Милиони луѓе во Токио се замолени само да не ги напуштат своите станови до 12 април, освен кога е неопходно.
– Досега во Србија се поднесени 678 кривични пријави против оние кои ја прекршиле мерката за самоизолација. Казната е до три години затвор, пренесува РТС.