За да ослободат кревети за интензивна нега во некои од најтешко погодените области во земјата, Французите ги оспособија специјалните возови „ТГВ“, во мобилни болници.
„Имаме многу повеќе простор отколку во амбулантите или во хеликоптерите“, изјави Франсиц Браун, претседател на здружението на Итната медицина на Франција.
Во два медицински воза ТГВ денеска ќе бидат пренесени околу 40 пациенти, од источните градови Нанси и Мулхаус на југозапад, јави новинската агенција АФП.