Покрај опремата, итно се потребни околу 3.000 медицински сестри во Њујорк, па поради тоа понудени им се три пати повеќе пари за договор од 13 недели.
Ним им е понудено да добиваат во овој период примања од 100 долари на час.
Њујорк е епицентарот на пандемијата во САД, каде досега се заразени 30.765 луѓе, а 672 починале.
Болниците одлучија да ги зголемат платите, така што најискусните ќе имаат три пати поголеми приходи додека работат со пациенти во просториите за итни случаи и одделенијата за интензивна нега.
Според шефот на агенцијата за вработување Мајкл Фазио, бројот од 3.000 медицински сестри и техничари ќе биде доволен за да се пополни капацитетот на четирите болници во Њујорк, како и Монт Синај и Белви, и уште неколку во Њу Џерси.
„Разговарав со медицинските сестри на југот. Тие заработуваа 29 долари на час. Тие буквално ми велеа: ‘Човеку, треба да го направам ова за семејството’. 34-годишна сестра од Мајами ми кажа дека возела 24 часа за да стигне во Њу Џерси, каде што работи “, рече Фацио.