Петмина вработени во МВР се заразани со коронавирус, објави денеска заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил.
Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“. Ги повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.
Според Алсат-М, вкупно 14 полицајци од станицата во Петровец се во домашна изолација откако е утврдено дека дел од нив веројатно имале контакт со лица позитивни на ковид-19.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2880830205337291&set=a.775004605919872&type=3