Четиринаесет дневниот карантин во бугарскиот туристички центар Банско се укинува од утре доцна попладне. Се укинува и забраната за влез и излез од градот, изјави денеска бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.
Според него, во Банско ќе продолжат да се применуваат антиепидемиските мерки, кои важат на територијата на цела Бугарија.