Фудбалот со неиграњето пребројува финансиски штети со милијарди

Пандемијата со ширешето на коронавирусот го стресе светот. Го поремети нормалното функционирање на луѓето. Кризата каква не се памети од Втората светска војна покрај жестокиот удар по животите на граѓаните низ целиот свет на колена ќе ја клекне и економијата. Нема да биде поштеден и спортот, посебно фудбалот каде се вртеа големи пари. Прогнозите се дека фудбалот после битката со коронавирусот дека нема да биде истиот на финасиски план. Ќе пресушат милионските цифри за фудбалерите и клубовите.

Сегоние речиси во сите земји се во прекин, а нема клуб кој не бара финансиска помош за да го амортизира ударот од рецесијата. Во прашње покрај актуелната сезона која е во прекин е доведена и следната. Одложена е и завршницата од ЕП.

Повеќе од ТВ-договорите веројатно ќе бидат ревидирани, а веќе некои телевизии не сакаат да ги исплатат ратите за преноси кои сега ги нема. Клубовите од елитните лиги трпат загуби и од  продажбата на влезници, а таа од меч достигнуваше и до 5 милиони евра. Поради неможноста да се движат лушето запира и продажбата на клупски реквизити. На повидок е и крах на фудбалската берза со трансферите на играчите. Во време кога не се игра клубовите  цената на ѕвездите ќе падне и за повеќе од половина на пазарот. Од сето ова првичните проценки се дека фудбалот губи милијарди евра.

-Ова систем на сврзани садови. Кога нема пари, се отпуштаат работници, се намалуваат плати, нема ни интерес за фудбал. Само по себе, цената на влезниците ќе се намали најмалку за процентот на намалени плати, но тука е и психолошкиот шок после преживување на оваа криза. Кога нема пари кај народот, ќе нема ни во фудбалот. Овој вирус ќе остави жестоки последици на овој спорт, но и на сите спортови, велата стручните аналитичари во фудбалсот.

Треба да знаете
Последни објави