Двајца свештеници и три калуѓерки од Меѓудворје во Босна и Херцеговина се заразени со коронавирус. Тие се грижеле за напуштени деца без родители во установата „Мајчино село“, објавија босанските медиуми.
Заразените свештеници и калуѓерки веднаш биле ставени во изолација и се под надѕор на епидемиолози и здравствени експерти.
Во БиХ, според последните податоци, 354 луѓе се заразени со коронавирус, а шест починати.