Доктор од Струмица одбил да прегледа граѓани вратени од Бон

Докторот Гоце Христов од струмичката болница, кој пред 15 дена преку фотографија се пофали дека тој работи и мисли на пациентите, односно дека е на нивно располагање, одбил да направи интернистичка анкета на граѓаните кои вчера пристигнаа од Германија и се сместени во
струмичкото село Банско каде ќе бидат 15 дена во карантин, објави „А1он“.

Христов на социјалните мрежи го критикува здравствениот систем, велејќи дека болницата во која работи има само 4 интернисти кои се грижат за 150.000 луѓе. Но, и покрај ваквата критика, тој вчера на директорот на струмичката болница, Наќе Гогов му објаснил дека има приватни обврски, како и дека користи мерка од Владата, па не може да ја заврши задачата. Наместо него, анкетите ги правеле докторката Цветанка Тушева и специјалист интернист Методиј Иванов.

Анкетата била побарана од Министерството за здравство со цел да се утврди дали и кои хронични болести ги имаат луѓето кои допатуваа од Германија.

-Колеги кои најгласно зборуваа, се сликаа и кажуваа дека не се работи доволно, дека има пропусти, наоѓаа замерки и се претставуваа како медицински херои по интернет и слично одбија да ја направат интернистичката анкета која им е професионална задача. За среќа има исклучок
на колеги кои сериозно ја земаат работата и се издигнаа на ниво на задачата – без да се направи нервоза и паника и сум сигурен дека успешно ќе ја спроведат анкетата, вели директорот Гогов.

Треба да знаете
Последни објави