Физичка пресметка во Прилеп, татко и син се пресметале со познаници, едниот извадил пиштол и пукал во воздух

Татко и син синоќа во нивниот дом во Прилеп биле физички нападнати од негови познаници.

Синоќа во 22.30 часот во ОВР Прилеп, Р.Р. (45) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом на ул. „Дебарца” во Прилеп, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и неговиот син И.Р., од една страна и И.В. и Е.Н., од друга страна, со кои пријавителот се познавал, по што во еден момент И.В. извадил пиштол и испукал во воздух, информира Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави