Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција, потврди дека 8 медицински лица и двајца пациенти од институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле се позитивни на корона вирусот.
“Таму се тестирани 46 вработени во заводот и 6 пациенти. Примероците се земени на 26-ти, 27-ми и 28- ми март. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Во текот на денешниот ден, тестирани се уште 16 пациенти , кои во моментов се уште се хоспитализирани во заводот. Имајќи ги предвид резултатите и обемот, спецификата на работата, Заводот во Козле нема да работи во наредниот период” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.