Индиската држава Утар Прадеш предизвика негодување во светот откако се појавија снимки на кои работниците бегалци, кои се враќаат во родните места поради затворањето на градовите, ги потопуваат во белило што се користи за чистење на автобуси.
Оваа акција, наводно, имала за цел дезинфекција од коронавирусот.
Видеото, гледано 400.000 пати откако беше објавено од новинарот на „Тајмс оф Индија“, прикажува група луѓе кои седат на земја во градот Барели, а службениците на пожарникарската и медицинската служба во заштитни костими ги прскаат со хемиски раствор.
This video showing groups of migrant workers in India being sprayed with a chemical that was meant to disinfect buses from #coronavirus has sparked outrage. pic.twitter.com/SlHSGZZL9p
— Al Jazeera English (@AJEnglish) March 31, 2020
Во исто време, преку мегафон, надлежните ги предупредуваат работниците да ги затворат очите и устата. Окружниот судија на градот Барели рече дека снимките се испитуваат.
Милиони луѓе се вратиле во своите родни места во Индија по вонредната состојба и ставањето во карантин на цели градови во таа земја. Полицискиот час се зема многу сериозно, па полицијата дури тепа луѓе доколку се најдат на улица во тоа време.