Во центарот на Атина, во близина на плоштадот „Синтагма” рано утрово била пронајдена граната од Втората светска војна, а делот е затворен од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, гранатата ја откриле работниците од водоводот кои работеле на терен и веднаш ја известиле полицијата.