За „Л’Екип“ Меси е како Че Гевара

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ излезе со насловна страна на која аргентинскиот фудбалски интернационалец, капитенот на Барселона , Лионел Меси е претставен како неговиот сонародник револуционерот Че Гевара. Оваа споредба привлече големо внимание не само во спортската, туку и во пошироката јавност во времето кога пандемијата со коронавирусот прави пустош како по здравјето на луѓето, така и во економијата. Во големи финансиски проблеми се најде и спортот, а посебно фудбалот.

Меси вчера потврди дека играчите на „Камп Ноу“ се согласиле да се откажале од 70% од платите за да нема отпуштања на вработени во клубот.

Со ова соопштението Меси се најде во центар на внимание затоа што повторно им се спротистави на раководните луѓе на клубот. Тој ги критикуваше и кажа дека без потреба бил извршен притисок врз фудбалерите поради намалување на платите, бидејќи тие не правеле никаков проблем и веднаш се согласиле со овој хуман потег. Ова не е првпат Меси да не биде задоволен од одлуките на раководството на Барселона, па неколку пати ги критикуваше нивните потези.

Треба да знаете
Последни објави