Легендарниот турски голман Реџбер Рушту се бори со коронавирусот

Медиумите од Турција пренесуваат дека здравствената состојба на легендарниот турски голман  Реџбер Рушту по заминувањето во болница поради коронавирусот нагло се влошила и тој се бори за својот живот. Поранешниот голман на Фенербахче, Барселона и Бешикташ, викендов беше хоспитализиран откако тестовите покажаа дека е позитивен на коронавирусот.

Како виновник за заразата на Рушти во медиумите се посочува неговата сопруга Ишил Реџбер, која неодамна се вратила од САД и не ги почитувала мерките за карантин. Сепак Ишил ги демантираше ваквите обвинувања, и посочи дека по враќањето од САД пред три недели таа била во изолација. Излегла од дома само еднаш за да оди до болница, а во домот биле во посебни соби со Рушту.

-Не ме интересира што пишуваат, најважно ми е сопругот да ми се врати дома здрав и жив. Во петокот, тој се пожали дека го болат мускулите и главата. Во саботата крена температура и почна да кашла. Се загрижив па веднаш го однесов во болница. Веднаш доби третман, но не сум го видела, нема пристап до спратот каде лежат пациентите. Не е дозволено ниту да се разговара преку телефон. Докторите ми рекоа дека првите 72 часа се многу критични – вели Ишил, која додава дека таа, нејзината ќерка и нејзиниот син биле негативни на тестовите за коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави