Манчестер сити ќе понуди 80 милиони евра за Иско

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити, кој во битката за одбрана на титулата со Ливерпул во моментално прикинатата сезона ја загуби трката, подготвува понуда за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Дон Балон”.

Според шпанскиот медиум, Манчестер е подготвен да потроши 80 милиони евра на 27-годишниот Шпанец. Се потенцира дека тренерот на „граѓаните” Пеп Гвардиола е лично заинтересиран за овој трансфер.

Иско има три гола на 23 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на шпанскиот фудбалер на 50 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави