Одговори на новинарски прашања, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Прашање: Дали со тоа што домашните банки не купуваат хартии од вредност од Владата значи дека не и веруваат на самата влада и економските мерки кои ги носи. Ваш коментар.
Одговор: Ќе споделам една информација која ја добив во текот на денешниот ден дека денеска практично имало аукција на државни хартии од вредност едните со рочност 12 месеци другите од 15 години, едните биле една милјарда денари другите биле 100 милиони денари. За жал, не постоел интерес кај банките онолкав колку што бил даден како понуда од страна на министерството за финансии, односно за овие од една милјарда денари недостасувале некаде од прилика околу 150 милиони, 850 милиони се понудени што значи два и пол милиони евра помалку интерес од она што било понудено, а за овие другиве од 15 години кои биле во вкупна маса од сто милиони денари понудени од страна на пазарот стигнала понуда за 43 милиони некаде 57 милиони денари помалку. Или вкупно од една една милјаради и сто колку биле понудени неодстасуваат некаде околу 207 милиони денари односно побарувачката била за 207 милиони денари помала од понудата. Не сакам да верувам дека банките не веруваат во институциите и токму од тие прични во денешниот прес побарав веднаш организирање на состанок на највисоко ниво, манифестирање лидерство, манифестирање сигурност, една синергија помеѓу оние кои треба да ја пласираат ликвидноста и они кои треба да понудат механизам за да ја апсоливираат таа ликвидност, а тоа е државата. За жал денеска ако вие ме прашувате дали оваа денешна аукција била успешна можам да дадам одговор дека не била успешна. Зошто не била успешна можеби треба дадат одговор банките и не би сакал да верувам дека банките немаат доверба во институциите на државата.
Прашање: Според условите што ги нуди владата за приватните фирми да користат 14.500 денари од владата дури помалку од една третина од приватните фирми ќе ги исполнат условите за помош ваш коментар?
Одговор: Јас мислам дека многу помалку ќе биде тоа, многу помалку ќе биде технички компаниите кои што ќе ги исполнат овие услови за да бидат корисници прво, во пресот кажав вие имате сразмерно користење на оваа субвенција која што е поврзана со бројот на ефективни работни часови за месеците април и месецот мај и сега ако вие во април не можете да одите на работа и ефективно да работите поради вонредната состојба и доколку таа вонредна состојба барем за уште еден месец се продолжи да речеме до втората половина на мај како компанијата ќе ги користи бидејќи вработениот ќе има нула ефективни работни часови. Нула помножено со 14 500 е нула така што лицемерна е мерката и тоа нема да го слушнете во пресот на Зоран Заев и во пресот на Оливер Спасовски можете еве вака да го слушнете овдека и тоа е она лицемерие кое што денеска го слушаме, а пред една недела го слушавме од Зоран Заев. Не се ова мерки, ова треба да изгледаат мерки, претпоставувам кај неколку провладини медиуми ќе бидат тие портретирани како мерки, ова во суштина е ништо. Ова во суштина е ништо затоа што никој кој што е погоден од страна на оваа вонредна состојба и за жал пандемијата која што гледате од ден на ден зема се поголем замав и повеќе жртви и повеќе заболени инфицирани од страна на пандемијата се практично погодени од истото.
Прашање:Дали сите влади се виновни што не менаџирале домаќински бидејќи секаде низ светот има проблем со буџетите и пад на бруто домашниот производ и секаде се отпуштаат луѓе од работа?
Одговор: Јас во самиот прес дадов одговор непосредно на ова прашање. Ако вие го слушате премиерот во собранието на 26 декември како ве убедува дека блескаме и дека е за поклон нашата економија. Ако потоа ја слушаме вицепремиерката за економски прашања како вели дека немаме никаков проблем со полнењето на буџетот, дека тој ликвиден, солвентен, блескаме итн. Ако до 10 март практично ја слушате министерката за финансии како ве убедува дека исто така блескаме, дека сето тоа е највисоко ниво, дека граѓаните и бизнисот не треба да се грижат, а потоа се случува таканаречено салто мортале и за 180 степени ја завртиме политиката за само 10 дена и велиме дека ни следува економска апокалипса, и тогаш кој е виновен? Сигурно не се виновни граѓаните, не е виновна опозицијата, бидејќи таа цело време предупредуваше дека не блескаме туку напротив, газиме на трула штица. Дека бизнисите се виновни? Не се, луѓето слушаат тоа што најповиканите кажуваат и така дејствуваат, така ја градат својата бизнис политика. Јас не гледам друг освен тие кои што се најповикани затоа што лажно ја менаџирале државата. И втора работа која што ја споменав пред некоја прес конференција, вие имате агрегиран буџетски дефицит во првите два месеци од 4 милијарди и 300 милиони денари, буџетски дефицит наменски за откуп на целни групи за време на предвремените парламентарни избори кои што се одложија. Тоа се, ако направите паралела, во едно интервју господинот Заев ќе спомне дека со кратењето на платите во администрацијата практично ние ќе заштедиме една милијарда во буџетот, вие само првите два месеца тој потрошил 4 такви кратења на плати. Зошто? Затоа што има една цел, а тоа е што е можно поголем поткуп да направи на целни групи за да се спаси од одговорност, не од друго, не биле тоа од патриотски причини, не биле тоа добронамерни причини, како што рече во една прилика по методот „ол ин“ и „трас трас“ потрошил 4 милијарди денари, и таа мала ликвидност што сме ја имале, сме ја потрошиле. Но добро е, на денешната прес конференција сеуште не слушнавме дека ќе имаме урамниловка во администрацијата, според наши информации има тешка броба во рамки на самата влада, СДСМ притиска и понатаму на 14500 урамниловка но очигледно е дека коалиционите партнери се борат и добро е што послушале едно од барањата како што треба на ВМРО-ДПМНЕ дека таа урамниловка е само негативна за целокупните економски текови во државата и добро што барем едно барањата на ВМРО-ДПМНЕ времено го усвоиле, ќе видиме до кога ќе трае ова купи ден продај нивна политика. Инаку дадовме примери како вистински влади постапуваат во државите околу нас во соседството, така што јас навистина не би можел да се сложам дека сите влади погрешно постапуваат, напротив, мислам дека ние не ни постапуваме, туку целото ова е еден моментум кога треба да се портретира дека постапуваме, ние не постапуваме, тоа е најголемиот проблем, а да не зборуваме за денот после јуни, што понатаму, ние немаме стратегија за денот после јуни што понатаму, тоа е суштината и за тоа сме загрижени, и затоа пред некој ден подадовме рака, ни ја вратија раката, не ја прифатија раката, не испратија со десетина колумни секојдневно кои што имаат за цел и задача нормално мене да ме напаѓаат но во ред тука сум јас , само повеќе ме мотивираат.
Прашање: Второто прашање надвор од економската тема дали ќе се поднесе одговорност и извинување во однос на одмагањето и кочењето на процесите дома околу реформите кои биле неопходни за НАТО и ЕУ интеграциите?
Одговор: Па мислам дека единствени кои што треба да дадат извинување а тоа извинување ќе дојде кога тогаш пред македонскиот народ и пред граѓаните на Македонија се токму СДСМ и Зоран Заев кои што изминатиот период направија такви стратешки грешки во тие преговори што последиците со години од денеска ќе ги плаќаме така што единствен кои што треба да поднесе одговорност е токму тој и неговата политичка партија но тоа ќе дојде брзо од денеска и тоа ќе се случи но сега да останеме фокусирани како да се справиме со оваа пандемија која што гледаме дека се помасовна е во нашата држава и секој ден имаме за жал по некоја по некој човечки живот кој што згаснува и она што исто така е пресериозна а тоа е економската катаклизма која што ни претстои.