Џими Мицевски од група ,,Молика” осуден на две ипол години затвор

Музичарот од групата “Молика“, Џими Мицевски кој воедно е сопруг на пејачката Анета Мицевска, осуден е денес на казна затвор од 2 години и 6 месеци.

Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“. Мицевски беше обвинет во овој предмет за злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Мицевски има право на жалба до Апелационот суд – Скопје, пресудата ќе биде извршена после правосилната одлука на Апелација.

Треба да знаете
Последни објави