Раперот Дрејк призна дека направил два ДНК-теста пред да го претстави својот син Адонис на светот.
Дрејк криеше од јавноста дека станал татко, а потоа минатата недела објави неколку фотографии од симпатична синооко момче со кадрава руса коса.
Во една од неговите песни, Дрејк вели „Јас не го скрив мојот син од светот, го скрив светот од мојот син“. Во декември минатата година, тој рече дека направил два ДНК-теста затоа што сакал да се увери дека тоа е неговото дете.
https://www.instagram.com/p/B-WjWVJlBnJ/
„Кога ќе го видите, можете да видите зошто се сомневав во тоа“, рече раперот смеејќи се.
„Тој е навистина прекрасно дете, со најголеми сини очи, но јас не бев баш сигурен кога го видов. Неодамна добив потврда дека тој е дефинитивно мојот син”, рече тој.
Мајката на момчето е поранешната порноактерка Софи Брусо, а момчето е родено во октомври 2017 година.