На 15.03 група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени, Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО – Тома Давидов. За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали.
Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам и непочитување на сопствената историја. Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење на нашата историја.
Затоа, упатуваме апел до Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред Законот. Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за ослободување.