Песков: Русија и САД ќе продолжат да соработуваат во борбата против Ковид-19

Русија и САД ќе продолжат со разговорите за соработка во борбата против Ковид-19, во согласност со договорите на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Тие разговараа за ова прашање, за важноста на меѓународната соработка. Практичните разговори ќе продолжат на работно ниво во согласност со договорите на двајцата претседатели, рече Песков.

Путин и Трамп телефонски разговараа вчера, кога изразија загриженост поради масовното ширење на болеста.

Тие разговараа и за мерките на двете држави во борбата против вирусот, како и за можностите за понатамошна соработка за ова прашање.

Песков уште рече дека Путин и Трамп не разговарале за американската иницијатива за награда од 15 милиони долари кои би довеле до „апсење или осуда” на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави