Владата на Република Србија донесе одлука дека за сите информации во врска со коронавирусот ќе ги пласира во јавноста исклучиво задолжен Кризниот штаб на чие чело е премиерката Ана Брнабиќ, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.
-Сите известувања за јавноста ги дава претседателката на Владата или лицата кои ќе ги овласти Кризниот штаб“, се наведува во заклучокот на Владата од 28 март, кој е објавен во Службениот весник од вторникот.
Сите градоначалници, претседатели на општините и штабовите за вонредни состојби во единиците на локалната самоуправа информациите во врска со коронавирусот во нивните места ќе ги испраќаат само на Кризниот штаб. Истото треба да го прават и сите здравствени установи, здравствени работници или правни лица кои извршуваат здравствена дејност.
Владата на Република Србија предупредува дека сите известувања за преземените здравствени мерки и други информации дадени од страна на „неовластени лица“ не може да се сметаат за „точни и проверени“, а против оние кои ги даваат таквите известувања можна е примена на „прописи кои се однесуваат на одговорност и правни последици за ширење дезинформации во период на вонредна состојба“.