Динамиката на ширење на коронавирусот во Германија е сè уште преголема и мора да се стори сe за да се намали б рзината на ширење на инфекцијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на телефонска конференција со премиерите на германските покраини.
Тие констатираа дека пресудно во спречувањето на ширење на болеста е намалувањето на контакти, па затоа по повод велигденските празници ги повикаа граѓаните да се придржуваат кон тоа и да ги минимизираат контактите со лица надвор од нивното домаќинство.
Граѓаните исто така се повикани да се откажат од приватни патувања и посети на роднини.