Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер и се закани на Унгарија со укинување пари од ЕУ, поради неодамна донесениот закон за вонредни состојби.
Коглер во интервју за германското списание „Цајт” изјави дека развојот на настаните во Унгарија не е прифатлив.
-Не е разбирливо да се дадат пари од Унијата на таква полу-диктатура од другите демократски држави, нагласи тој.
Коглер претходно побара итна акција на ЕУ против Унгарија.