Општинскиот кризен штаб побара од Владата воведување кризна состојба во Куманово

Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната 17-та седница побара од Владата да прогласи кризна состојба во Куманово и да воведе посебен контролен режим на влезовите и излезите од градот.

-Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Кумановои да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот. Согласно член 19 став 1 подстав 2 од Закон за домување („Службен Весник на Република Македонија“ бр.99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16 и 64/18), каде е наведено дека управителот има право и обврска да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови, од Општински штаб за заштита и спасување бараме во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината,, велат од Штабот.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави