Експлозија на бомба поставена покрај пат во авганистанската провинција Хелманд, округот Нахри Сарај, однесе седум живот, а двајца се повредени, изјави шефот на локалната полиција, Мохамед Исмаил Кпалвак, пренесува „Спутник“.
Според „Кешвар њуз“, пак, во експлозијата загинале најмалку осум цивили.
Според началникот на полицијата, бомбата експлодирала на цивилно возило во близина на градот Герешк. Други детали сè уште не се објавени.
Во вторникот, во експлозија во југоисточната авганистанска провинција Пактика повредени се четири лица, меѓу кои и еден полицаец.