Си-ен-ен: Лидери желни за моќ се обидуваат да ја искористат епидемијата

И додека коронавирусот го доведе светот до застој, одделни лидери видоа можност да ја зголемат својата моќ, пишува Си-ен-ен.
Унгарскиот парламент усвои закон кој му дава право на претседателот Виктор Орбан да владее со декрети, неограничено. Тоа му дава овластувања да ги казнува новинарите доколку владата верува дека известувањето не е точно и им дозволува на властите да ги казнуваат граѓаните со високи пенали за кршење на забраната за движење. Исто така, спречува какви било избори или референдуми додека е на сила вонредната состојба.

Потегот на Орбан предизвика реакција од ЕУ, од некогашниот премиер на Италија, МАтео Рензи, кој одел дотаму, да предложи исфрлање на Унгарија од ЕУ ако не ги повлече мерките.

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, човек кој ги апси своите критичари и се фали дека лично убил осомничени криминалци кога бил градоначалник на Давао, себе си си даде уште овластувања за време на кризата. Уште поголема контрола над јавните служби.

Претходно и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше на удар на критики откако неговата влада одобри електронско следење на пациенти, со технологија која порано се користела во борба против тероризам. Нетанјаху не е единствениот лидер кој ги следи своите граѓани за време на кризата. Во Русија властите користат технологија за препознавање на лица, за да ги фатат оние кои ги прекршуваат карантинот и самоизолцијата.

И од Јужна Кореја до западна Европа демократски избраните влади користат дигитални алатки да пронајдат пациенти со коронавирус и да ги надгледуваат колку навистина ги почитуваат мерките за социјална дистанца.

Со овие одлуки, кои во истиот момент ги покренаа поради стравување од преголеми власти на лидерите, исто така се јавија прашања што ќе се случува кога пандемијата ќе заврши. Постои загриженост дека светот ќе ги прифати ваквите услови на живот и граѓаните ќе се задржат на она што претставува екстремни и несекојдневни мерки.

„Проблемот со слабите системи како што е Унгарија е во тоа што Орбан ја уривал демократијата долго време и ќе сака да направи дека новите мерки се нормални…и можеби тоа ќе биде и поздравено бидејќи додека се во криза, луѓето бараат лидер“ нагласува Брајан Клас, професор по глобална политика на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави