Шпанската Пример ќе продолжи во јуни ако треба и без гледачи

Откако видоа дека нема шега со коронавирусот кој го стави целиот спорт во мирување, луѓето задолжени за лигашките натпреварувања почнаа да разгледуваат опции како да ги приведат до крај започнатите сезони. Шпанија е една од најпогодените земји од пандемијата на коронавирусот во Европа, но веќе ги разгледува опциите Примера лигата да ја продолжи во јуни, ако треба и со одигрување на натпреварите без присуство на геледачи.

-Очекуваме првенството да продолжи во јули. Екипите претходно ќе имаат период за подготовки. Доколку некој од играчите е позитивен кога ќе биде продолжено натпреварувањето, сезоната ќе биде прекината. Не верувам дека ќе биде тешко 11 кола да се распоредат во два месеци. Ако не биде така, ќе бидат загубени 700 милиони евра – вели Џауме Роурес, извршниот директор на компанијата која ги поседува ТВ правата за шпанската Примера.

Во Шпанија фудбалската сезона беше прекината на 10 март. Барселона е лидер со два бода повеќе од Реал Мадрид.

 

Треба да знаете
Последни објави