Kлаудија Шифер ангажирала чувар за својата долна облека

Клаудија Шифер откри дека порано барала заштита за својот долен веш бидејќи многу парчиња од нејзината лична гардероба исчезнувале додека таа била на модната писта.

„По завршувањето на модните ревии постојано ми ја снемуваше долната облека, мојот градник, моите килоти … не беа таму каде што сум ги оставила,“ 49-годишната Германка, супермодел, изјави за мајскиот број на магазинот „Ел“ на кој таа е насловната страница.

Русокосата убавица беше една од првите супермодели во 90-тите која постигна голем успех заедно со останатите од групата наречена Big Six (Големата шесторка) – Наоми Кембел, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, и Татјана Патиц.

Таа се сеќава како некои луѓе правеле чудни, понекогаш екстремни обиди за да ги сликаат.

„Беше лудо … како да си рок-ѕвезда. Не можев да стигнам до својот автомобил. Луѓето ги сечеа модните шатори и правеа дупки за да сликаат. Имаше голем тим обезбедување на секоја модна ревија,“ додава таа во интервјуто за „Ел“.

Клаудија, која во август ќе наполни 50 години нема никакви проблеми со возраста и тврди дека е нормално „палката на убавината да ѝ се предаде на следната генерација“ и додаде дека таа старее природно.

„Во мое време добивав многу прекрасни комплименти. И потоа влегувате во следна фаза и продолжувате понатаму. Не мора цел живот да ве нарекуваат убава.“

„Тоа е убаво сеќавање, но потоа доаѓа следната генерација. За мене е природна работа да го отстапиш местото…да не бидеш завидлив или љубоморен”.

 

Треба да знаете
Последни објави