Шпанските здравствени власти објавија нови податоци за бројот на заразени со коронавирус и смртните случаи во земјата.
Според шпанските медиуми, во последните 24 часа починале уште 864 лица.
Со најновите податоци, во Шпанија починале вкупно 9.053 лица, а бројката на инфицирани надминува 102.000.
Во последните 24 часа, регистрирани се 7.719 новозаразени.
Шпанските медиуми, исто така, известуваат дека ова е петти ден по ред во кој умираат повеќе од 800 луѓе во земјата.