Трипуновски: Власта да ја исплати субвенцијата за тутунот, во време на криза не смее да се крати од земјоделците

Апелирам земјоделците да се стават како приорите при носење на одлуките на Владата во овие тешки времиња на криза и светска пандемија. Над 19.000 тутунари во Република Македонија ги чекаат субвенциите по предаден килограм тутун, напиша на Фејсбук Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер во МЗШВ.

-Тутунарите кои едвај го продадоа својот тутун сега си ги чекаат заслужените субвенции, тоа се пари кои насушно им се потребни во овој период на криза, како би можеле нормално да функционираат и да ја продолжат својата дејност. Власта не смее да крати од земјоделецот, од народот. Наместо кратење на субвенициите, нека скрати од луксузите. Наместо градење и поправка на згради парите мора да завршат кај земјоделецот. Во овие тешки времиња инвестицијата во луѓето, а не во материјалните добра е суштинска. Грижата за земјоделците е грижа за земјата, за татковината. Да се грижиме за земјоделците, бидејќи се грижиме за Македонија. Субвенциите за предаден килограм тутун да се исплатат веднаш, рече Трипуновски.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1502340049923638?__xts__%5B0%5D=68.ARAmtjEAphkikp4zkaCaLdo-bQmrN_bNgeZS6s2GXkvVdbH7AVYVdkfWMnoW9–iv-Ao9OKJ3gxNjF3wqHOgbOC2QJrNmEthzUFXu0PQN7Ux0weIxk9eG5O6UhV9oRBRp_Dzt5CxYEMO7JoBOp6xjkV8ZxuwpxEDU6cCB-hEo8S05Uo7F77AAyp70dyKd8r-gKxeYYlo9uNx7MxTA61etdlHOVE7EnWnWUmJtBHGc7j31B735ma30uoccUgmk0z3tQbEttX3UTJRUPqMW_cfvsTLPpH6Vp9mJ8kx1a_QmAsFc5lfBWK1YutjT5hBxRn5ERtrYjiwBbHF1WXGBUkF_Q&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави