Вучиќ се расплакал за најдобриот другар од детството кој му починал од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Србија од тестирани 637 лица потврдени се уште 111 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1171 лице, соопштено е на сајтот Ковид19.рс на министерството за здравство. Како што јави дописникот на МИА од Белград, членот на владиниот кризен штаб, лекарката Дарија Кисиќ за РТС изјави дека денес се регистрирани уште три нови починати, со што вкупниот број на починати се искачи на 31 лице.

До денес во националната референтна лаболотирија на Инстиутот Торлак, тестирани се вкупно 5008 лица кои ги исполнувале критериумите на дефиниција на случајот.

Денешната редовна владина прес конференција во 15 часот е одложена, а за во 18 часот по седницата на кризните штабови најавено е обраќање на јавноста на претседателот Александар Вучиќ, на кого му е соопштена жална вест дека му починал од корнавирусот најдобриот другар од детството Владо Бејлогрлиќ (45 г.) поради што српскиот претседател неможел да ги скрие солзите пред соработниците. Изминатите два дена претседателот Вучиќ не се појавуваше во јавноста поради здравствени проблеми.

Треба да знаете
Последни објави