Сегашната криза предизвикана од пандемијата на коронавирус ќе ги чини европските земји стотици милијарди евра, проценува германскиот институт Ифо.
Речиси секоја земја во Европа веќе има усвоено пакет мерки за помош на економијата од повеќе милиони евра, но тие нема да можат да ја поправат штетата од ширењето на коронавирусот.Стопирањето на производството ќе ја чини милијарди евра секоја земја поединечно.
Според Ифо, претпријатијата треба да бидат подготвени брзо да застанат на нозе, поради што е потребно да се преземат итни мерки кои ќе овозможат да се поврзе обновата на производството со сузбивањето на епидемијата.