Коронавирусот ја зафати и македонската економија, а еден од излезите e државата да позајми пари од меѓународните кредитни институции во време кога нема доволно време да издаде еврообврзница. Седмата по ред еврообврзница од 500 милиони евра планирано беше да биде издадена во втората половина од 2020 година. Сепак, кога економијата има потреба од брз извор на пари, планираната еврообврзница не може да биде ефикасна „вакцина“ против економските последици од коронавирусот, анализира Дојче Веле.
За да се издаде еврообврзница, која всушност е обврзница деноминирана во странска валута на меѓународен пазар, потребни се повеќе од два месеци. Поради ова Владата гледа побрзо решение во досега неискористен инструмент- таканаречен bridge to bond facility или заем до еврообврзница. Тој се зема кога државата е во процес на издавање еврообврзница, но поради низа причини не може да се спроведе до времето кога се потребни парите…
…Вкупната сума на досега издадените еврообврзници достигна преку 2 милијарди евра. Сите се со различна камата и различен период на отплата, а вкупната камата што треба да ја плати државата за нив е 634 милиони евра…
Анализата може да ја прочитате тука.