Судот во Пакистан ја преиначи пресудата за смртна казна која му беше изречена на британски милитант за убиството на американскиот новинар Даниел Перл во 2002 година, пренесува „Њујорк пост“.
Адвокатот на милитантот, Ахмед Омар Саид Шеик рече дека казната на неговиот клиент е намалена на седум години затвор за обвинение за киднапирање. Сега се очекува Шеик да биде ослободен од затвор каде што е од 2002 година.
Перл, известувач на „Вол стрит џурнал“, беше киднапиран и обезглавен во Карачи. Видеото од обезглавување на Перл беше доставено до тамошниот конзулат на САД. Шеик беше осуден на смртна казна во 2002 година.
Во извештајот објавен од проектот „Перл“ на универзитетот „Џорџтаун“ се тврди дека за убиството на Перл биле осудени погрешни луѓе.
Наместо тоа, истрагата вели дека Перл е убиен од Калид Шеик Мохамед, наводниот планер на нападите од 11 септември. Мохамед беше уапсен во Пакистан во 2003 година и е в затвор во заливот Гвантанамо.