Три сценарија подготви државата за справување со последиците предизвикани од коронавирусот во економијата. Основите сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно предвидуваат пад на вкупните приходи од 20 отсто до 40 отсто на консолидираниот буџет во однос на планот, односно од најмалку 700 милиони до 1,3 милијарди евра.
Трите сценарија пред јавноста вчера ги претстави министерката за финансии Нина Ангеловска која вели дека за секое од трите сценарија се подготвуваат и планови за финансирање и оти е важно да сме подготвени и за најлошото сценарио, а секако да се преземат мерки и да се повлекуваат соодветни чекори за да се случи најдоброто.
– Главно, имаме три основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај првото сценарио – поволното, предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра, односно за толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање. Кај второто сценарио – неповолното, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра. И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра, рече министерката и додаде дека наплатата на вкупните приходи во јануари беше за 4,6 отсто, а во февруари за 4,0 отсто повисока во однос на минатата година.
При тоа, појасни, во јануари порастот на даноците и придонесите е 10,7 отсто, додека во февруари за 6,1 процент што беа во рамки на проекциите за овие месеци. Позитивните движења продолжија во првата половина од март. Почнувајќи од 20 март, односно кога почнуваат да се чуствуваат ефектите од здравствените мерки преземени за спречување на ширење на коронавирусот, се забележува остар пад на даночните приходи од околу 25 отсто дневно. Ова доведе до пад на вкупните даночни приходи за март за 11 проценти во однос на претходната година. Тоа се должи на падот на наплата на ДДВ за март за 17 проценти, падот на акцизата за 11 проценти, падот кај данокот на добивка за 11 проценти и тоа со предвреме уплатена аконтација од општествено одговорни компании во контекст на помош за коронакризата.
Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал од 40 до 65 отсто во однос на претходната година, додека претпоставките за третиот и четвртиот квартал, според Ангеловска, се разликуваат согласно кога би започнал периодот на економско заздравување и стабилизација.
Посочи дека во јануари порастот на даноците и придонесите е 10,7 отсто, а во февруари 6,1 процент што е во рамки на проекциите за овие месеци. Позитивните движења продолжија во првата половина од март. Почнувајќи од 20 март, односно кога почнуваат да се чуствуваат ефектите од здравствените мерки преземени за спречување на ширење на коронавирусот, се забележува остар пад на даночните приходи од околу 25 отсто дневно. Ова доведе до пад на вкупните даночни приходи за март за 11 проценти во однос на претходната година. Тоа се должи на падот на наплата на ДДВ за март за 17 проценти, падот на акцизата за 11 проценти, падот кај данокот на добивка за 11 проценти и тоа со предвреме уплатена аконтација од општествено одговорни компании во контекст на помош за коронакризата.
Колкав ќе биде дефицитот кој беше проектиран на околу 283 милиони евра, според министерката, зависи од тоа колку ќе падне наплатата на прихдоите.
Сите сценарија предвидуваат речиси целосна реализација на расходната страна на буџетот предвидена на 3,9 милијарди евра, но значајно ќе се промени структурата на расходната страна со реалокации на буџетските ставки со цел дополнително обезбедување пред се на здравствениот сектор, а потоа и реализација на економски мерки за амортизирање на удрот.
Ангеловска ајави дека ќе има реалокации, пренамени и кратења на непродутивни расходи.
-Има дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, покрај намалувањето на платите на функционерите и укинувањето на надоместоците за членовите на управни и надзорни одбори кои имаат приходи од друго место, истакна министерката за финансии.
Заштедата во Буџетот од намалувањето на платите на функционерите на минимален износ од 14.500 денари за април и мај, мерка што беше најавена завчера, ќе изнесува околу 250 милиони денари. Со мерката за укинување надоместоци за членови на надзорни и управни одбори за оние лица кои се во работен однос, односно добиваат приход и од друго место, заштедата е 250 илјади до 300 илјади евра на месечно ниво.
-Како ќе излеземе од коронакризата зависи од сите нас. Ако сите се однесуваме одговорно и дисциплинирано здравствената криза ќе заврши побрзо, а со тоа и здравствените мерки кои ја успоруваат и запираат економската активност. Со двата пакета економски мерки имаме за цел да го амортизираме ударот врз стопанството, да ги заштитиме работните места, како и социјалната стабилност во земјава. Како што се развива ситуацијата ќе се преземаат и нови мерки и активности, се со цел максимално да се амортизира ударот од коронакризата врз стопанството и граѓаните, прача Ангеловска.