Забрането пливање, подводен риболов и употреба на морски рекреативни средства во Грција

Пливањето, подводниот риболови, како и морските рекреативни средства се забранети во Грција и не спаѓаат во исклучоците од мерките за ограничување на движењето во земјата, појаснуваат од Министерството за поморство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Денешното соопштение од надлежното Министерство, доаѓа откако во изминатите денови, според грчките медиуми, во земјата биле регистрирани случаи на зимски пливачи, на кои им била изречена казна од 150 евра, бидејќи пливањето не е вклучено во исклучоците од забраната за движење на граѓани, во делот на физичката активност.

Треба да знаете
Последни објави