На 01.04.2020 во 22.40 часот во Полициска станица Куманово, вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С.С.(30) од с.Ропаљце – Липково и М.М.(25) од Куманово, пo што С.С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.