Фудбалерот од средниот ред на шпанскиот Реал Мадрид, хрватскиот интеранционалец Лука Модриќ, има намера да остане во редовите на „кралевите“ до крајот на договорот.
Според шпанскиот весник „АС” 34-годишниот Хрват го известил раководството на Реал Мадрид дека нема да преговара со други клубови и дека ќе го одработи неговиот договор до крајот, односно до летото 2021 година.
Претходно, имаше информации дека Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид во следниот преоден рок , но оваа сезона тренерскиот штаб започна да му верува на Хрватот, кој стана деветтиот најкорисен играч на Реал Мадрид со 1904 минути игра, а играчот реши да остане во клубот.