На 01.04.2020 во 12.45 часот на регионалниот пат Маврови анови – Дебар, полициски службеник, управувајќи патничко возило „ландровер“, сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
По незгодата двајцата полициски службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде на едниот му се констатирани тешки телесни повреди, а на другиот телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициска станица Гостивар.