Обилните врнежи од снег кои го зафатија и градот Скопје во текот вчерашниот ден урнаа или искршија 22 дрва, од кои 17 во урбаните места, а 5 дрва во Градскиот парк.
Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија излелезени се на терен за да ги расчистат паднатите гранки и дрва. Од Градот информираат дека се отстарнуваат и скршените гранки коишто се надвиснати над патеките и претставуваат опасност за минувачите.
Од Градот Скопје апелираат граѓаните да бидат внимателни при движењето покрај дрворедите, а воедно ги замолуваат за трпение додека траат активностите за расчистување на штетите предизвикани од обилните врнежи на снег.