Трипуновски: Околу 3000 вработени во ЈП Македонски Шуми, два месеци се без плата

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер во МЗШВ на својот Фејсбук профил апелираше да се исплатат заостанатите плати на работниците во ЈП Македонски шуми.

-Околу 3000 вработени во ЈП Македонски Шуми, два месеци се без плата и платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Тоа се речеси 3000 семејства на кои им е загрозена егзистенцијата. Во ек на светска пандемија, покачени трошоци за живот и општ хаос 3000 наши сограѓани се соочуваат со мака како да го преживеат месецот, тоа се луѓе со кредити, со разни други давачки, на некој од нив ова им е единствен приход за живеачка. Да не се исплати плата за два месеци е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми. Каде се парите за плата на овие луѓе!? Доколку нема зошто се примаат нови и се штанцаат нови огласи за партиски вработувања!? Доколку има, каде завршиле и зошто не им се исплатени на работниците!? 3000 семејства не смее да останат без егзистенција. Платите на вработените во ЈП Македонски Шуми мора да се исплатат.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1503218189835824?__xts__%5B0%5D=68.ARCMdHUbzPsx3p3FHU0TdDG20fRBIjhMTC1neJZA5zN9_GkHlalFQgMIqnOzWVEpOZdgoq-l9ztFHi2ILV8o0zao36ywVi1ERa522TR5RfB2IINd5hpoFh98F77RhBNl_gFZw1ZtEIzw3nriMo6QcUeHka-3O2wtaKmQICENOAawXpo_7EQevnCQKyuf2C9xxSPAuA-N5Gr3nJzIFPApmc-dUs8ep-_BnQHtWplVfRZazS1eO877e19g6qS9Ef3zDjHcq6FEMqLVblug5gBvo19WNRvarXOwluC0OSz7SAMpLjyScK1lRwMk1VBMJvIrmnQ7NOMevKU9CeDN8ON-KA&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави