Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата и тие се лишени од слобода. Станува збор за С.А и П.Р.
За конкретниот настан и преземените мерки известени се основното јавно обвинителство и надлежниот центар за социјални работи.
Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.