Велешкиот трговски синџир „Жито” соопшти дека донел одлука предвремено да ги исплати месечните аконтации на данок на добивка за 2020 година, во висина од 10.559.513 денари, со цел активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет.
Компанијата жинформира дека на овој начин сака да даде конкретна поддршка за зголемување на капацитетите на државата за поуспешно и поефикасно справување со ситуацијата и заштитата на здравјето на сите граѓани.
– Во овие тешки времиња потребно е да покажеме единство и солидарност повеќе од кога било, да се сплотиме и да се потпреме едни на други за да може што побрзо да закрепнеме и да се вратиме во нормала. Како компанија, остануваме посветени на почитување на препораките и мерките на соодветните институции, бидејќи јавното здравје е општествена одговорност и зависи од сите нас”, истакна управителот на „Жито”, Јованче Ѓошевски.