Повеќе од 75 проценти од клучните кинески компании во надворешно-трговскиот сектор го продолжија работењето откако епидемиолошката состојба во земјата се подобри, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија Лиу Чанџу на денешниот брифинг за новинарите.
– Ситуацијата во врска со обновата на надворешно-трговските компании покажува позитивен тренд. Од 30 март годинава, 75,6 проценти од најголемите надворешно-трговски компании започнаа со работа, а нивото на искористеност на нивните капацитети е над 70 проценти, прецизираше портпаролот на кинеското Министерство за трговија.